Ја нападнал сопругата со помош на ќерката од претходниот негов брак

од Nikola Popovski
73 прегледи

МВР информира дека полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода М.И.(50) Тетово.

Тој бил пријавен од неговата сопруга (40) дека во семејниот дом тој и неговата ќерка од претходниот брак физички ја нападнале.

Тетовската полиција соопшти дека се работи на расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини