Ја претепал мајка си, па го однеле во „Бардовци“

од Nikola Popovski

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 47-годишниот В.С. од Скопје, поради обид за убиство.

„На 21.02.2020 во семејниот дом, пријавениот ја нападнал својата мајка А.С. и ѝ нанел тешки телесни повреди, доведувајќи ѝ го животот во опасност“, информираат од МВР.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и во координација со Јавен обвинител пријавениот бил лишен од слобода, спроведен и хоспитализиран во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница – Скопје.

Слични содржини