Ја уценувал со 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и клипови со компромитирачка содржина

од Nikola Popovski
335 прегледи

28-годишен скопјанец во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина, по што Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него.

„На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите осомничениот бил приведен“, велат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека постои опасност од бегство, до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.​​ Тој се гони за кривично дело -уцена.

Слични содржини