196
Властите во Венеција и по крајот на сезоната мора да се носат со инцидентите туристи. Како што објавува Си Ен Ен, 46-годишен израелски турист затворил вработена во менувачница незадоволен од износот кој го добил откако разменил 100 американски долари во евра.
Туристот влегол во менувачницата кај познатиот Риалто мост, а откако разменил долари во евра, сакал да ја запре трансакцијата затоа што како што тврдел, добил премалку евра.
Тогаш се забарикадирал во менувачницата и ја затворил вработената. Таа некако успеала да повика полиција која по половина час успеала да го уапси Израелецот и нејзе да ја спаси.
Тој ќе биде обвинет за киднапирање.