Ја зголемуваат телесната температура: Намирници кои не се препорачува да ги консумирате во лето

од Stefanija Kuzmanovska
620 прегледи

Варењето на тешката храна бара поголема активност на метаболизмот, што индиректно ја зголемува телесната температура. Докторите често истакнуваат дека во текот на летото треба да се ограничи внесувањето на одредени намирници бидејќи се тешки за варење и предизвикуваат надуеност.

Ако сте забележале дека се потите многу повеќе од останатите, можеби проблемот лежи во вашата исхрана. Тоа значи дека треба да избегнувате масна и тешко сварлива храна.

Познато е дека во лето треба да внесуваме помалку калории, но за да избегнете прекумерно потење, треба да знаете кои намирници се штетни во летните месеци. Обидете се да јадете што помалку зачинети јадења, масни меса и месни производи, печена, пржена и похована храна, слатки, пијалоци со кофеин и газирани пијалоци, па дури и оние пијалоци кои се разладени.

Избегнувајте боранија и пушена риба, бидејќи мрсната и тешката храна ја отежнуваат циркулацијата.

Најдоброто што можете да го консумирате во лето се зелената салата, домат, краставица, лубеница, диња и јаболко. Овие намирници во просек содржат повеќе од 80 проценти вода и се полни со минерали. Покрај тоа, можете да јадете мешунки, семки, нерафинирани масла, а особено маслиново масло!

Не само што ќе уживате кога надвор е премногу топло, туку можете и да изгубите неколку килограми ако целта ви е да влезете во форма.

Слични содржини