Јаболков колач (без миксер)

од desk2
638 прегледи

Подготовката е многу лесна, нема потреба ниту од миксер.

Состојки
4 јајца
100 гр. мелени ореви
180 гр.. шекер
1 ванила
1 пециво
200 гр. брашно
по 125 мл. млеко и масло
3 јаболки
по ваша оцеа цимет
од 1/2 сок од лимон

Подготовка

– Јаболката излупете ги исецкајте на помали коцки и покапете со сок од лимон за да не потемнат.
– Во сад ставете ги сите состојки освен јаболката, со лажица измешајте, додадете ги сецканите јаболка, измешајте, излијте во со хартија покриена модла, ставете да се пече на 180 степени претходно загреана рерна околу 45 мин.
Нека се олади, посипете со шеќер во прав – сечете коцки./Мои рецепти