Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, има доста необични навики и ритуали, за кои тврди дека му помагаат полесно да се ослободува од стресот.
Тој води строг режим на исхрана и всушност јаде само еднаш во денот и тоа навечер. Во порцијата има месо или риба со зеленчук, а десертот е црно чоколадо и овошје. Исто така, секој ден медитира, а пешачи и најмалку осум километри.
Наутро се тушира со ладна вода, бидејќи како што самиот вели, на овој начин успева подобро да се фокусира на работата во текот на денот, а навечер полесно да заспие.
Неговиот оброк го јаде помеѓу 18.30 и 21 часот, а не претерува, за да може да спие. Понекогаш користи и витамински суплементи. Кога почнал да го применува ваквиот начин на исхрана, вели дека прво се чувствувал како да халуцинира, но потоа се навикнал и сега си е благодарен себе што го издржал сето тоа.