330
Бананата наутро ни изгледа како добра и брзинска замена за појадок, колку да не излегуваме со празен стомак и да нè засити до првиот реален оброк. А, тоа е сосема погрешно.
Според нутриционистите, бананата има многу шеќер, односно задоволува 25% од дневната потреба за јаглехидрати. Таа во моментот го ублажува чувството на глад, но за уште пократко време доаѓа до замор.
Всушност, според најновите сознанија, најдобро е бананата да се јаде во комбинација со друго овошје и зачини како што се циметот или ѓумбирот, а може и да се комбинира со путер од кикирики или од бадеми.