Јадете чоколадо за добра меморија

од desk3
124 прегледи

Чоколадото е корисно за меморијата поради што содржи флаваноли, објави Daily mail.

Флаванолите го подобруваат вниманието, брзината на обработката на информации, работната меморија и говорот кај постарите луѓе.

Научниците од Универзитетот во Аквила истражувале што се случува во мозокот неколку часа откако човек ќе изеде чоколадо, како и ефектот на редовното јадење. За таа цел тие ги виделе резултатите од претходните испитувања. Многу од нив насочуваат кон позитивен ефект на флаванолите врз мозокот.

Повеќето истражувања за подолго користење на чоколадо се направени со возрасни луѓе. Кај нив црното чоколадо ја подобрува мозочната функција, особено ако таа веќе е благо нарушена.

Слични содржини