Замислете да можете да јадете колку и да посакате, без страв за тоа како ќе влијае врз вашата линија. Не мора многу да размислувате, туку почете на уживате во неа. Научниците ги посочуваат овие 10 намирници, бидејќи се добри, здрави, богати со витамини и антиоксиданси.
1. Целер
Целер со средна големина има само шест калории, а телото за да го разгради троши 50. Богат е со влакна и е одличен извор на витамин К.
2. Брокула
Околу 100 грама брокула содржи 25 калории, додека телото за нивни разградување троши дури 80.
3. Морков
Околу 100 гр свеж морков содржи 41 калорија, а телото троши околу 60 за да го разгради. Одличен извор на витамин А и каротеноид, како и диетални влакна, витамин Ц и калиум.
4. Ротквици
Една голема ротквица содржи една калорија, а за согорување на телото му се потребни барем три. Одличен избор на витамин Ц, а благодарение на своите својства го поттикнува согорувањето на масните наслаги во телото.
5. Јагоди
Богати со антиоксиданси полифенол, јагодите се богат избор на витамин Ц, калиум и влакна. Една јагода содржи 50 калории.
6. Краставици
Зеленчук кој е составен од вода содржи само 16 калории по порција. Семките и корада содржат голема количина на нитрини, па најдобро е да не се лупат. Највредно во нив е богатството на бета каротенот.
7. Јаболко
Јаболко со средна големина содржи околу 100 калории, а телото троши околу 120 калории за да ја обработи. Освен тоа, јаболките се заситни и одличен избор за појадок. Богати се со витамин Ц и антиоксиданси и делуваат врз намалување на лошиот холестерол.