„Јади паризер“: На Play Store се појави игра „по мерка на Вучиќ“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
413 прегледи

На Google Play Store се појави нова игра. Во главна улога е претседателот на Србија, Александар Вучиќ и неговото популарно мени: паризие, леб и јогурт.

Во инструкциите стои следново: „Многу тежок предизвик! Контролирајте ја количката со прстот, лево и десно. Може да купите само: Јогурт, Паризер… Избегнувајте месо! Ако купите скапо месо повеќе од еднаш, ќе банкротирате и ќе изгубите. Обидете се да постигнете највисок рекорд меѓу вашите пријатели!“

Вучиќ минатата недела во обраќање до јавноста извади од корпата разни артикли и нареди да им се намалат цените. Вчера се пофали со новите цени. На Инстаграм објави видео од тоа како јаде паризер, леб и јогурт. Се пофали дека е поевтино од порано.

Но, твитерџиите забележаа интересен детал: Вучиќ е снимен како држи недопрен сендвич во рацете, а веќе во вториот кадар остана само парче од сендвичот на чинијата пред него. Притоа, неговите колеги не успеале да изедат ниту половина од нивниот сендвич.

@bagziman NOVA IGRA! ime: Jedi Parizer #vucic #jediparizer #jedi #parizer #srbija #vučić #smesno #igra ♬ original sound – BagziMan

Слични содржини