Јахјага и Џачка бараат поголема ангажираност на ЕУ во Западен Балкан „поради руското влијание“

од desk2
96 прегледи

Поранешната косовска претседателка Атифете Јахјага и актуелната албанска министерка за одбрана Олта Џачка,побараа од ЕУ поголема ангажраност во Западен Балкан,поради руското влијание кое,според нив, ја слабее улогата на Европа во овој регион и обидот за негова дестабилзација.

-Русија и натаму има големо влијание на Балканот, особено преку својот главен сојузник во регионот, Србија,оценила Јахјага на денешната Конфереција за безбедносните предизвици на Балканот, одржана во Тирана.

-Нашите земји, нашите општества, се соочуваат со многу реална закана во форма на странски влијанија кои имаат за цел да продрат не само во политичките, економските или институционални кругови, туку и на капиларен начин во нашите општества и заедници,смета Џачка.

Идејата за промена на границите, поранешната косовска претседателка смета дека е опасна платформа која ризикува да се отворат старите рани во регионот.

-Нашиот регион е изложен на опасна реторика за редефинирање на границите. Оваа подразбира наше враќање во минатото обележано со насилни периоди на страдање и поделби, изјави Јахјага.

И претседателот на Албанија, Илир Мета, исто така, го искажал својот категорчен став дека не ја подржува идејата за промена на границите.

Според него, ова се делириуми на политичарите кои „сакаат да ги вратат своите народи во веќе виден филм од минатото“.