Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре ги негираше информациите за
крај на фудбалската кариера. Такво нешто беше објавено од неговиот агент Димитри Селук пред
неколку дена.

„Во последно време има многу шпекулации за мојата иднина. Сакам да ви објаснам дека го сакам
фудбалот и ќе играм уште неколку години. Да, јас сум заинтересиран да добијам тренерска лиценца,
но ова не е она на што размислувам сега. Сега сум подготвен и фокусиран да преземам нови
предизвици и да играм фудбал повторно! Не грижете се, штом дојде времето, ќе го објавам
официјално и лично повлекувањето“, напиша Африканецот во своот профил на Twitter.
Последниот тим на Туре беше грчки Олимпијакос, кој го напушти во декември 2018 година.
Претходно, беше објавено дека фудбалерот на Брегот на слоновата коска, кој има 36 години,
размислува за опција да биде тренер во Русија.