Јајцата се здрави, но само во комбинација со овие намирници

од Stefanija Kuzmanovska
2,4K прегледи

Јајцата се на нашето мени речиси секој ден, но дали знаевте дека не се здрави во комбинација со сите намирници?

Јајцата се богати со хранливи материи и обезбедуваат бројни здравствени придобивки бидејќи се добар извор на протеини и можат да помогнат во намалување на воспаленијата, подобрување на здравјето на коските и здравјето на мозокот.

Тие се јадат за појадок, после тренинг или како ужина, а можат да се подготват на многу начини – варени, пржени, кајгана. Сепак, треба да внимавате со што ги јадете јајцата. Само затоа што се здрави, не значи дека можете да ги комбинирате со нездрави состојки.

„Поради висококвалитетните протеини и Б витамините што ги содржат, нема сомнеж дека јајцата можат да бидат дел од здрава и урамнотежена исхрана. Но, кога тие се јадат заедно со храна богата со масти, натриум и други нездрави состојки, сето тоа паѓа во вода“, вели диететичарот Лорен Манакер.

Јајцата често се јадат со колбаси и пржени компири. Таквата храна е полна со заситени масти и сол.

„Кога ќе одлучите да јадете јајца, задолжително јадете ги со друга хранлива храна како авокадо, леб од цели зрна и зеленчук“, предупреди Манакер.

Слични содржини