Јајоска: Арсовска додели 80.000 евра на ЈП Градски Паркинг во време кога на нејзин предлог се намалува цената за паркирање (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Се ближат првите 82 дена од мандатот на Арсовска а таа не сработе ништо во интерес на градот и на скопјани“, вели Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Во овие два и пол месеци од мандатот, Арсовска ќе остане запаметена по 109 партиски вработувања во Град Скопје, по партизација на Јавните претпијатија и установи во надлежност на Градот и по прекинатиот проект Бас рапид транзит.

Колку Арсовска знае да менаџира покажува и фактот што Градот додели пет милиони денари или над 80.000 евра на ЈП Градски Паркинг, во време кога на предлог на Арсовска се намалува цената за паркирање“, истакнува таа.

Слични содржини