Јајоска: Арсовска не работи ништо, ја стопира реконструкцијата на Универзална сала

од Nikola Popovski
257 прегледи

Универзалната сала стои недовршена. Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска три месеци не прави ништо, обвини советничката во Советот на град Скопје, Рената Јајоска.

Таа информира дека за овој важен проект за скопјани, Владата предводена од СДСМ обезбеди речиси 2 милиони евра.

-И покрај обезбедените средства и покрај склучениот договор со изведувачот, Арсовска повеќе од три месеци ја стопира реализацијата на овој проект.

Данела Арсовска не работи ништо. Стопира капитални проекти од претходната градска власт. 100 дена Данела, 100 дена разочарувања за скопјани, додаде Јајоска.

Слични содржини