Јакимовски: Мицкоски има насушна потреба да лаже, јас не можам да соработувам со такви луѓе

од Берта Китинска

Тајните непријатели стануваат јавни непријатели едноставно повеќе ниту ГРОМ ниту јас не можеме да го толерираме ова што го прави Христијан Мицкоски , вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во „Студио 10“.

-Мицкоски може да каже зошто не сме се слушнале одамна. Затоа има насушна потреба да лаже јас не можам да соработувам со луѓе кои лажат, ние сме возрасни луѓе.Тој дел од мозокот, тоа парче од мозокот не ми функционира така, не можам да разберма како луѓе на такви позиции со такви академски титули се служат со лаги, вели Јакимовски.

Слични содржини