Јакимовски: Се уште нема ниту еден ручек изедено на сметка на општина Карпош

од Берта Китинска

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски вели дека е подготвен за рационализација за време на економската криза.

Тој истакна дека клучна работа е да се рационализираат средствата, да се трошат наменски , но не и да се престане во трошењето.

-Една од моите препораки изминативе денови беше да се наполнат со бензин возилата и да се редуцираат излегувањата на терен.Не користам службен мобилен телефон, за репрезентациии се уште нема ниту еден ручек изедено на сметка на општина Карпош, кажа Јакимовски.

Слични содржини