Јакин: Не можеме да кажеме дека сме фаворити против Италија

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин го пофали европскиот првак Италија и ги прогласи за фаворити во 1/8-финалната пресметка меѓу нив на ЕП 2024. Стручњакот објасни дека „крстоносците“ се во добра форма и можат да напредуваат во турнирот.

Натпреварот се игра на 29 јуни, сабота, во 18 часот на „Олимпијастадион“, во главниот град на Германија, Берлин.

„Од една страна уживав во натпреварот помеѓу Хрватска и Италија, но од друга страна веќе размислував за можни формации и стратегии. Италијанците имаат одлично првенство, што многу ми се допаѓа. Тоа е доста стратешко и тактичко. Нивната репрезентација има одлични играчи, така што ќе имаме голем предизвик, но секако дека треба детално да се фокусираме на противникот, во зависност од тоа кои се нивните силни и слаби страни. Во тимот на Италија имаат различни стилови на игра, што ги прави опасни. Но, тие ќе размислуваат и за нас“, рекол Јакин пред „СРФ“.

„Не можеме да кажеме дека сме фаворити бидејќи се соочуваме со Италија, но ремито со Германија ни даде голема самодоверба и не можеме да го сокриеме. Внимателно го следевме нивниот претходен натпревар, анализирајќи ја нивната тактика и стратегија и ќе ги скаутираме повеќе. Искрено, едвај го чекаме натпреварот. Тие се непредвидливи, но ние сме подготвени. Дури и од ментален аспект имаме доволно квалитет за да издржиме на ваков натпревар. Реално, не сакаме премногу да се грижиме за Италијанците. Всушност, мислам дека ќе биде обратно бидејќи работите ни одат добро“, истакна селекторот.

Слични содржини