Распит во СЈО на поранешните први луѓе на „Медија принт Македонија“
Без да дадат конкретни одговори зошто се повикани, поранешните први луѓе на „Медиа притн Македонија“, под чија капа беа дневните весници „Утрински весник“, Вест, „Дневник“, Јана Станисављева и Срѓан Керим заминаа од Специјалното јавно обвинителство. Внатре, според изворите на 1ТВ одговараа на прашањата на обвинителката Лиле Стефанова. Се задржаа одделно по половина час, но ги избегнаа новинарските прашања.
„Ќе збориме за сè кога ќе биде време, сега не е време“, кусо изјави Срѓан Керим по распитот во СЈО.
Отворено е прашањето дали се повикани како сведови или осомничени. Нивниот адвокат, пред новинарите рече дека предметот е во предистражна постапка и допрва треба да им се презентираат доказите. Сепак, според извори на 1ТВ, предметот е во истражна постапка и Јанистављева и Керим се осомничени. Дознаваме дека на товар им се ставаат три кривични дела. Лажен стечај, злоупотреба на службена положба и злоупотреба на сретства на доверители на неколклу милиони износи – сето тоа поврзано со работата, финансиите, односно со распадот на „Медија притн Македонија“ и згаснувањето на дневните весници, „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“.

СЈО пред два месеца ја презема надлежноста за случајот „МПМ“ од скопското обвинителство. Обвинители и истражители на обвинителството на Катица Јанева истражуваа сомнежи за злоупотреба на функциите на првите луѓе.
На проверка беа финансиските исплати во време кога весниците згаснуваа поради наводна финансиска криза. Сомнежите за економски криминал се проверувале преку одделението за компјутерски криминал во МВР. На чешлање била и сметката, односно висината на приходите на управителката Јана Станисављева – дали одлуките за висината на нејзината плата од 25.000 евра се законски, дали биле поврзани со паѓањето во долгови на фирмата?
Пред една година, истражителите на СЈО влегоа во просториите на „МПМ“, чиј сопственик до пред истрагата беше Графички Центар Скопје, во сопственост на „Орка Ходинлг“ на Орце Камчев. Проверката на СЈО во „МПМ“ коинцидираше и со штрајкот на новинарите во весниците, поради неисплатените плати. „Медиа принт Македоноја“ сега е во стечајна постапка, додека стотана медимски работници останаа без работа.
