Мајка ми нема никаква врска со шверцот со дрога, вели познатата млада актерка Јана Стојановска Бојиќ, ќерка на уапсената Силвија Стојановска.
„Се потресов кога слушнав дека мајка ми е приведена, но кратко, затоа што набрзо беше утврдено дека таа нема врска со дилање дрога. Таа е поврзана со ова поради братот на нејзиниот сопруг, кој е осомничен за шверц на дрога. Мајка ми ја нападнаа и приведоа без причина, таа е невина“, вели Јана, која, исто така, е актерка.
Таа додава дека истрагата ќе покаже дали сопругот на Силвија е вмешан во шверцот и дека сето ова нема да ја наруши долгата кариера на нејзината мајка.
Инаку, Силвија Стојановска беше уапсена под сомнение дека учествувала во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Шпанија. Таа во моментов е во 30-дневен куќен притвор.
Приведен беше и нејзиниот партнер Војислав Будисављевиќ кому судот му определи мерка притвор од 30 дена. Приведен е и неговиот брат кој живеел во Шпанија. Стојановска е осомничена дека била логистичка поддршка за шверцот на дрогата.