Во интервју за Фокус, градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, истакна дека има лидерски амбиции. Јанчев вели дека ВМРО – ДПМНЕ ќе дочека подобри денови.
„Оваа ситуација не може да биде вечна. На луѓето веќе им е смачено од сите притисоци и тапкањето во место. Потребна е целосна промена, со демократски ставови, со различни мислења, со различни совети од сето тоа на крај да умееме да го извлечеме најдоброто. Едноумието не не води кон успех, премногу субјективно размислување не носи чекор назад“, изјавил Јанчев.
Кога тој ќе го преземе ВМРО – ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој граѓанин.