Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Јанчев побара оставка од Мицкоски

Јанчев побара оставка од Мицкоски

Апсолутно е нормално да се постави прашањето за промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време за ова прашање. Ова се нови изгубени избори, четврти по ред – тие ги загубија локалните избори, го загубија референдумот, ги загубија претседателските и сега парламентарните избори, вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за БГНЕС, откако неговата партија ги загуби предвремените парламентарни избори.

„Јас воопшто не разбирам зошто не го признаваат Договорот за пријателство со Бугарија, како и Договорот од Преспа. Во принцип, ова е лоша политика и лошо раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Мора да има промена на раководството, додаде Јанчев.

Според него, политичката состојба е „доста жална, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за СДСМ, која победи дури и со малку, затоа што и двете партии добија малку гласови“.

„Каква и да е победата, СДСМ го освои гласањето. Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000. Дури и околу 300.000глаа. Оваа бројка само по себе докажува дека нешто не е во ред. Денес на ВМРО-ДПМНЕ му треба единство, кохезија и секој да може да работи правилно и слободно“, истакна Митко Јанчев.

На прашањето дали ќе се приклучи на промената на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев категорично одговори: „Да, ќе се придружам!“

Градоначалникот на Кавадарци побара што поскоро да се формира влада за да може државата да функционира правилно под сите околности.

loading...