Поминаа четири месеци а мостот „Беласица“ неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје се уште го нема санирано, изјави денеска координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
„Овој мост освен што е витален за сообраќајот во овој дел на градот, е клучен за парното снабдување на скопјани, под него минува главната топловодна мрежа.
Надлежните институции не можат да ги постават новите цевки само затоа што локалната власт на ДПМНЕ и Арсовска го нема санирано мостот.
Ако бргу не се санира овој мост, ризикот е скопјани да останат без навремено снабдување со парно. А сообраќајниот хаос ќе продолжи и понатаму.
На градоначалниците на ДПМНЕ воопшто не им е грижа за граѓаните.
Овој случај уште еднаш ја покажува неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје и нивната градоначалничка.
Во Скопје не се работи ништо, наместо да се развива Скопје уназадува.
И тоа секогаш се случува кога ДПМНЕ ќе добие доверба од граѓаните.
Еден мост не можат да санираат а не да направат нов“, изјави Јанчева.