Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Славески бегаат од седница за финансиската состојба во Скопје

од Nikola Popovski
176 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Советот од редовите на оваа партија, Трајко Славевски бегаат од закажување на вонредна седница на Советот на која треба да се расправа за катастрофалната финансиска состојба во Град Скопје, обвини денеска координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Советничката посочи дека финансиската состојба во Градот е алармантна, буџетската сметка е блокирана, а на Скопје за првпат во историјата му се заканува банкрот. Како што вели, заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска денес Скопје е нефункционален град со нефункционални и задолжени јавни претпријатија и установи.

-Токму Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја промовираа Арсовска како најдобра менаџерка за која бараа поддршка од граѓаните. Ветуваа модерно Скопје, а сега по само една и пол година гледаме запоставен, нефункционален град на кој му се заканува банкрот.

Славевски мора што побрзо да закаже седница на Советот, каде Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да дадат одговори како успееја да ја банкротираат најголемата и најбогата единица на локалната самоуправа, кажа Јанчева во својата изјава.

Слични содржини