Јанев и Заев: Заедно сме и во добро и во лошо

од Берта Китинска
360 прегледи

Денeшниот ден е одбележан со две тешки трагедии – синоќешниот инцидент во варнското село Ројак, каде загинаа девет бугарски државјани, а за неколку часа се случи нова трагедија.

Со овие зборови го започна својот говор премиерот Стефан Јанев на заедничкиот брифинг со премиерот  Зоран Заев, пренесе БГНЕС.

-Трагедиите се она што не прави луѓе и сочувствителни, без разлика од која националност се луѓето кои повеќе не се меѓу нас. Единственото нешто што можеме да направиме е да изразиме сочувство. Во исто време бугарската држава во сите нејзини форми – во однос на безбедноста и истрагата за вакви инциденти, работи на случајот, изјави Јанев по трагедијата на автопатот Струма.

Зоран Заев  потврди дека во несреќата загинаа 46, од кои 11 деца.

Бугарската влада ќе прогласи ден на жалост во спомен на жртвите, рече Стефан Јанев.

Работиме меѓу себе на највисоко ниво, потврди Заев.

Запрашан дали трагедијата ќе влијае на односите меѓу двете земји, Заев кажа:

“Ние сме заедно и во добри и во лошо. Да, оваа трагедија ќе влијае на нашиот став. Позитивно, затоа што мораме да си помагаме кога е тешко “, рече Заев.

Слични содржини