Јанев: Намерно пративме бугарски пожарникари во Македонија за да не дозволат огнената стихија да се прошири

од Nikola Popovski
285 прегледи

Пожарите се под контрола, но тоа не треба да не опушти. Мора да бидеме будни бидејќи опасноста се уште постои. Доволно е само мало невнимание, изјавил денес техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со дел од критиките зошто Бугарија испратила пожарникари и противпожарна опрема во Македонија, Јанев прокоментирал:

„Намерно донесовме одлука и испративме екипи од нашата противпожарна единица во РС Македонија, бидејќи нашата анализа покажа дека пожарот може да се префрли и на нашата територија, што е факт, бидејќи моментално е на 4 километри од границата. Ако некој се сомнева во тоа, нека ги праша жителите на Благоевград и соседните села колку чад дишеле вчера и како се чувствуваат. Дури и сега, нашите противпожарни служби се блиску до границата, каде што ќе сторат се, за огнот да не се префрли на нашата територија“, додаде тој.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на граничниот премин кај Делчево пред два дена го пречека тимот за заштита и спасување од пожари на Р. Бугарија.

-Пристигнаа 25 пожарникари со 6 различни возила, кои ќе се упатат на критичните места опфатени со пожари на координација од ДЗС, информираа од институцијата.

Слични содржини