349
Ставот на премиерот Кирил Петков за Република Северна Македонија покажува непознавање на проблемот, непознавање на историскиот дел и неразбирање на перспективата што претстои, изјави за БНР поранешниот бугарски министер за одбрана и поранешен технички премиер Стефан Јанев.
Според него, „брзањето е под надворешно влијание, што не е во нивен национален интерес“.
И лидерот на еден од коалициските партнери во бугарската Влада, Слави Трифонов, го обвини Петков, дека се обидува да го заобиколи коалицискиот договор и да го тргне ветото за Македонија, за земјава да започне преговори со ЕУ до крајот на јуни годинава.
Трифонов обвини дека нема никакви гаранции за почитување на правата на Бугарите во земјава.