288
Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие, соопштија од судот.
Јовановски е осуден во предметот Рекет на 9 години затвор,а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на 7 годишна затворска казна. Третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за предметот и беше осуден на 3 години затвор.