„Оваа година се фокусиравме на различни видови на промоција за разлика од претходната година. Се работи за претставување на малите семејни винарии и патот на виното. Во следните години ќе се осврнеме повеќе на патот на виното и регионите на кои на мала земјина површина успева да се одгледа многу винска лоза, “истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски за ona.telegraf.rs, на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Тој посочи дека ако руралниот туризам и ено гастро – концептот е силна страна, не само на Северна Македонија туку и на Отворен Балкан, зошто да не бидеме и први во Европа.
„Ќе работиме се повеќе на дигитализацијата, виртуелни тури, патот на виното и вински дегустации, со цел да ги задржиме туристите на одредените дестинации. Според статистиката 2023 година по бројот на туристи и бројот на ноќевања во Северна Македонија ќе биде најдуспешна со рекордни резултати,“ рече Јаневски.
Тој посочи дека по пандемијата многу работи се сменети, како дестинациите, така и барањата на туристите. Така што, тоа ќе даде насока и на што треба да се работи во иднина со цел негово подобрување.