Со лажни информации членството во НАТО се претставува дека не е добрo за државата. Големите играчи се обидуваат да влијаат врз луѓето за да ги убедат дека државата не е на правилниот пат, изјави во интервју за Радио Слободна Европа, шефот на Канцеларијата за врски со НАТО, Зоран Јанкович.
На прашањето можно ли е вo декември вo Лондон нашата земја да пристапи и официјално кон НАТО со оглед дека досега 22 од 29 земји го ратификуваа протоколот Јанковиќ вели:
-Па, ова е тешко да се одговори директно. Како и да е, се разбира, имаше силен сигнал од последниот состанок на Северноатлантскиот Совет тука во Скопје, каде што генералниот секретар на НАТО рече дека ние сите посакуваме да станете полноправна членка до декемврискиот самит.
Како и да е, вие знаете дека моменталната ситуација, како што веќе споменавте, 22 земји членки го ратификуваа протоколот, некои од нив ги депонираа во Вашингтон инструментите за ратификација. Но, секако, во некои други земји сè уште се чека на ратификација, тоа не е под контрола на НАТО или на генералниот секретар, тоа е процес што се води од националните влади, така што од нив зависи кога ќе се заврши процесот. Ние очекуваме дека наскоро многу од останатите земји ќе го ратификуваат протоколот. Сепак, Шпанија во моментов е без Влада, бидејќи е во предизборен период, така што може да очекуваме одредено одложување поради овој процес во Шпанија, но ние сме сигурни и се надеваме дека процесот ќе заврши најбрзо што е можно.