Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска денеска излезе на слобода, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело. Ваквата одлука ја донесе Апелацискиот суд на 12-ти октомври минатиот месец.
Според соопштението на Апелација, судот ги ценел личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, а посебно ценејќи ги предвид податоците од Установата каде осудената ја издржувала казната затвор, со оглед да осудената ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, истата се вклопила во домската средина во којаимала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и однесувањето и било во склад со општествените норми.
-Во досегашниот издржан дел од казната во ниту еден момент не биле евидентирани прекршоци на одредбите од куќниот ред, го почитувала истиот и имала примерно поведение, а воено и коректен однос кон службените лица, порачаа меѓу другото од Апелација.
Јанкулоска одлежа три години од четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“.
Во март годинава, Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) констатирала дека Јанкулоска како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово“ во Скопје. Комисијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување на санкции кон осуденичка од женски пол.