Јанкуловски: А кога ќе направиме Попис за Човек?

од Vladimir Zorba

А кога ќе направиме Попис за Човек?

Попис на кој нема да има многу графи, одговорите ќе бидат со да/не и празни линии за да се искажеш а доволно е само овие прашања да ги има:
Дали си Човек?
Дали си помогнал?
Зошто си одмогнал?
Каде ти се изгуби емпатијата?
Зошто само одминуваш како да твојот свет е недопирлив?
Зошто не сакаш да разбереш дека никој не е отпорен на се?
Дали првиот комшија ти е навистина толку далечен за да му се најдеш во животот?
Зошто си себичен?
Дали си сам на планетава?
Не мислиш дека и тебе кога тогаш ќе ти притреба некој?
Зошто нечија мака тебе ти е задоволство?
Знаеш ли дека многу лесно можеш да бидеш Човек и дека се што треба да направиш е да го пронјадеш тоа во себе, да го издигнеш на површината?
Знаеш ли дека со својата промена ќе влијаеш и на многу други?
Знаеш ли дека така многу ќе допринесеш светот да биде многу поубаво место за живеење?
Ако не светот тогаш барем ова мало парче земја од планетава?
Знаеш ли дека ако ти го постигнеш сето тоа тогаш ништо нема да биде залудно?
Дека генерации после тебе со полно срце ќе го спомнуваат твоето име?
Знаеш ли……знаеш ли дека ова всушност и не е воопшто тешко, ти го имаш сето тоа, сите тие убавини со во тебе.
Она што ти треба да го направиш е да се свртиш кон себе.
Толку е. Толку малку а правиш толку многу.
И да, не боли, не е страшно, верувај.
Напротив. Многу е убаво чувството, како да леташ не на облаци туку од палнета на планета.
Затоа, како што би рекол дедо ми – не чекај маслинка. Не чекај попис. Не чекај некој друг да почне пред тебе.
Животот е еден и вреден, не губи време. Лета додека кажеш пиксла 🙂
Биди ти промената која ќе донесе радости, насмевки, прегратки.
Промена за поубаво утре.
Промена за заедничко утре.
Промена за ЗАЕДНО како ЕДНО.
Биди Гуш и Бац ❤

А сега врати се на првото прашање – Дали си Човек? 😉

ФБ сатус на Денис Јанкуловски

loading...

Слични содржини