Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, процедурално прв се обрати на собраниската седница за избор на новата влада.
На почетокот на седницата Јанушев, укажа дека во собранието денеска има осум пратеници, на кои местото не им е тука и чии мандатите се нелегитимно усвоени.
Тој за својот став се повика на членот 17 во Деловникот во кој стои дека изборот на овие пратеници се врши на првата седница по коститутивната на предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања.
-На овој начин, овие осум пратеници се нелегално тука, без верифицирани мандати. Освен што сте рекетари и криминалци, покажавте и дека сте неписмени, истакна Јанушев, повикувајќи се на Деловникот.
Талат рече делка факт е дека така пишува во член 17 од Деловникот, но толкувањето на деловникот е исклучива надлежност на претседателот на Собранието и тој може да побара помош и мислење, ако му треба, од Комисијата за деловничко мандатни и имунитетни прашања. Според него никаде не пишува во Деловникот кога завршува мандатот на Верификационата комисија.
По излагањето на Јанушев, собранискиот спикер Талат Џафери се обиде да го воспостави редот, но во собраниската сала сите пратеници зборуваа во исто време.
– Како треба да реагирам? Да ве тепам овде? Па не можам да ве тепам. Редот е тој – им се обрати Џафери на пратениците.