Јанушев: Не е во корист на никој да се менува Изборниот законик

од Aleksandar Todeski
307 прегледи

Не бегаме од тоа да седнеме и да разговараме, но иако требаат 61 пратеник, не се случило до сега без консензус од најголемите партии да се измени Изборен законик, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ за отворени листи и една изборна единица.

„Да менувате изборен модел на неполн месец пред техничка влада, четири месеци пред избори, не е во ред. Нема да изгласаат зошто не е во корист на никој“, рече Јанушев.

Тој вели дека хендикеп нивни е тоа што немаат доволно време бидејќи изборите се близу, а раководството е само две години сменето.

„Во секој сегмент од организацијата е направена реорганизација. Има нови партиски комисии, стручи соработници на претседателот, речиси комплетно нов Извршен комитет. Сме на ниво на спремност како никогаш до сега. Ние сме променети, имаме целосно нов пристап кон сите работи. Тој што се огрешил, ама не ме интересира дали е ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса, треба да одговара“, додаде Јанушев.

 

Слични содржини