Jанушев покажува слики од кампањата од 2016, a тврди се печателе 2021 – велат од СДСМ откако беа обвинети дека Владата се користела како штаб

од Nikola Popovski
49 прегледи

СДСМ со реакција на синоќешното гостување на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев во вестите на ТВ Сител. Од партијата велат дека генсекот и ВМРО-ДПМНЕ и се во сериозна криза и страв, штом, како што истакнуваат, со слики од кампањата од 2016 година се обидуваат да докажат дека се злоупотребувала Владата за печатење на материјали за СДСМ во 2021 година.

-Слободно институциите нека истражат за каков тоа скандал се работи со печатење на изборен материјал кој се печател преку временска машина, за потребите во 2016 година, но со датум на печатење во 2021.

Граѓаните се смеат на јаловите обиди на Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ даги прикријат сериозните криминали на нивните функционери како денешниот во кој Сања Божиновска преку својата приватна фирма и останала должна на МЕПСО еден милион евра, порачуваат од СДСМ.

Јанушев вчера покажа слики од депото на Владата од кои, напомена, може да се види дека се користела како штаб на СДСМ. Покажа и јавен повик за доделување финансиска поддршка, креиран на 1 април 2022 година, кој бил направен како да е од 21 мај 2021-ва. Ова, истакна, е кривично дело и за тоа, рече, некој треба да одговара. Покажа и фотографии од две машини на кои, според него, има сериозни индиции дека се печателе изборните материјали на СДСМ.

-Ова е само мал дел, со ова ја отвораме Пандорината кутија. Очекувам надлежните институции од утре да дојдат и да ги почнат соодветните постапки. Инаку, јас лично не правам проверки, туку гледам да ги средам работите што со години биле оставени. Можеби е банален примеров, но речиси две години не функционира главниот влез во Владата зашто скенерите ги оставиле неисправни и тоа е најмал дел од проблемот, потенцира Јанушев во вестите.

Слични содржини