Јанушев: Во никој случај нема да ги бојкотираме претседателските избори

од desk4
126 прегледи

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во синоќешното  гостување на телевизија Телма демантираше дека доколку не добијат предвремени парламентарни избори, тогаш ќе ги бојкотираат претседателските.

-Бараме предвремени парламентарни избори и бараме веднаш да се распишат. Нашите идни чекори на делување ќе зависат од одговорите на власта, но во никој случај нема да ги бојкотираме претседателските избори. Без разлика, ако одиме на претседателски и парлементарни избори ќе ги добиеме двата, ако одиме само на претседателските, ќе ги добиеме претседателските избори, рече Јанушев
Со иста изјава претхпдно иззлезе и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијн Мицковски:
-Не само што ќе излеземе на претседателски избори, туку и бараме предвремени парламентари избори, за да се стави крај на манипулациите и лагите на владата предводена од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила и ќе учествува на изборите, на кои нема дилема дека ќе победиме. Но, потребна ни е довербата од народот. Само со помош на народот ни можеме да ја браниме Македонија. Ние не можеме како опозиција, со предупредувања да го корегираме она што го прави Владата. Затоа бараме и предвремени парламентарни избори – рече Мицскоки и додаде дека изминативе две години на виделина излегоа сите лаги, манипулации и криминали на СДСМ предводена од Зоран Заев.