Јапонската полиција приведе 73 годишен маж, кој 20 години го чувал синот во кафез, објави БиБиСи.

Јошитане Јамасаки изјавил дека неговиот 42-годишен син го чувал во кафез, бидејќи честопати бил насилен поради ментални проблеми. Кафезот висок еден, а широк околу два метра, се наоѓал во колиба веднаш до куќата на Јамасаки во градот Санда.