Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 7,0 степени: Издадено предупредување за цунами

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Властите издадоа предупредување за цунами за Јапонија откако земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер го потресе брегот на префектурата Мијаги.

Властите издадоа предупредување дека се очекува цумани со висина од еден метар, пишува „Дојче веле“.

Беше посочено дека е опасно да се биде на море и на крајбрежјето. Оние кои се на море, треба веднаш да заминат на брегот и да не останат ниту на крајбрежјето.

Бранот ќе биде побрз и побрз, а луѓето се повикуваат да не влегуваат во морето и да не се приближуваат до брегот додека не помине предупредувањето.

Исто така, се забележува дека цунамито може да биде поголемо од очекуваното.

Слични содржини