Возачите на автобуси во Окајама, кои работат за групацијата „Рјоби“, излегоа не улица на необичен протест. Иако технички се во штрајк, тие продолжија да возат автобуси, но одбиваат да им наплатат на патниците.

Новиот ривалски автобуски превозник „Мегурин“ почна да работи на 27 април и тоа на некои трасе кои се поклопуваат со оние на „Рјоби“, а новиот играч понуди и пониски цени.
Како резултат на тоа, возачите на „Рјоби“ побараа од менаџерите поголеми гаранции дека нема да ја изгубат работата поради конкуренцијата. Се чини дека челниците не биле претерано ентузијастични поради овие барања, па прогласен е штрајк.
Во слични случаи, менаџментот на компаниите често може да го искористат престанокот на работењето против работниците, лобирајчи кај јавноста дека штрајкувачите своите потреби ги ставиле пред заедницата.
За да покажат дека тоа не е случај возачите на „Рјоби“ продолжија да возат, но не прифаќаат пари од патниците. Така што за време на штрајкот има бесплатно возење за сите.