Јас и МВР не знаеме дека запленетата марихуана во Србија потекнува од Македонија, тврди Мицкоски

„Многу повеќе верувате на влада на сосед отколку на домашната влада“ - вака ѝ порача премиерот на новинарка која го праша за запленетите 5 тони марихуана во Србија

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Запрашан како од државата излегоа петте тони марихуана и беа запленети во Србија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека не знае од каде е таа информација дека дрогата потекнува од Македонија.

-Ако веќе знаете, треба да дојдете и да дадете исказ во Обвинителството. Треба да ве повикаат бидејќи јас не знам и мислам дека и МВР не знае. Вие се повикувате на информација и мислам дека треба да ја споделите со органите за да помогнете во истрагата. Како второ, многу повеќе верувате на влада на сосед отколку на домашна влада. Јас би бил многу внимателен кога се спроведува најголемата акција во борбата против дрога и наркотични средства, кој не започна вчера. Веќе се 40 тони и нема да бидам изненаден ако на крај дојдеме до 100 тони, рече вчера премиерот, одговарајќи на новинарски прашања.

Владата во вторник на седница ќе донесе одлука да се проверува работењето на сите фирми кои имаат лиценца за одгледување на медицински канабис, информираше Мицкоски, откако по налог на Обвинителството, МВР запленети 40 тони марихуана.

Мицкоски се надева дека истражителите ќе утврдат кој и зошто го сменил правилникот за одгледување на канабис што е во колизија со законот, но и што се случувало со остатоците од растенијата.

До правосилно завршување на процесот, запленетата дрога ќе се чува во посебни депоа, а потоа ќе се уништи, дециден шефот на Владата. Во меѓувреме, фабриките коишто легално произведуваат масло за извоз ќе продолжат да работат, согласно законот.

Слични содржини