Младата американска пејачка откри дека е позитивна на коронавирусот.
Шарлот Лоренс, 19-годишната пејачка на многумина позната по хитот Joke’s on You од филмот за Харли Квин, ги извести своите фанови дека е позитивна на коронавирусот.
„Здраво дечки. Пред неколку дена докторот ме извести дека имам Ковид-19. Многу од нас ќе имаат. Јас ќе бидам потполно добро. Но многумина нема да бидат доколку премногу луѓе пребрзо се разболат. Затоа, не барам молитви од вас, љубов или слатки пораки. Ве молам да ги заштитите оние кои се преслаби да го преживеат вирусот. Останете дома. Ве молам. Болни или не“, напишала пејачката.
„Мислете на своите родители. Мислете на баба и дедо. Имам толку многу луѓе кои би можеле да имаат проблеми да го пребродат ова, а ги сакам. Размислете за тоа како би се чувствувале кога некој би ги заразил вашите сакани бидејќи не се придржувал до упатствата, бидејќи мислел дека знае подобро. Затоа што бил себичен“.
„Ние имаме моќ да ја успориме заразата. Затоа ве молам да се самоизолирате. Внимавајте на хигиената. Информирајте се.Бидете свесни за последиците кои ги остава овој вирус и известете ги другите за тоа“, напишала таа.