„ЈАС СУМ ИДИОТ“: Министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка по серија грешки за време на пандемијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Министерот за здравство на Нов Зеланд, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низата лични неуспеси за време на пандемијата на коронавирусот.

Кларк претходно се опиша себеси како „идиот“ затоа што ги наруши карантинските мерки, а потоа минатата недела го обвини генералниот директор за здравство Ешли Блумфилд за пропусти на границата, што предизвика гнев на јавноста, пренесува АП.

Сепак, кога поднесе оставка, тој рече дека ја вложил целата своја енергија во работата, но и дека има намера да остане во парламентот како пратеник од понизок ранг.

Премиерот на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека е подготвена да ја прифати неговата оставка.

„Од суштинско значење е нашиот здравствен менаџмент да има доверба од јавноста во Нов Зеланд“, се вели во изјавата на Ардерн, додавајќи дека таа го назначила министерот за образование Крис Хипкинс за привремен министер за здравство.

Слични содржини