Селекторот Игор Ангеловски денес го соопшти списокот од 26 играчи со кои ќе настапиме на ЕУРО, во група сме со Холандија, Австрија и Украина.
Тој истакна дека целта на националниот тим е минување на групата и пласман во втората фаза од собирот на најдобрите на Стариот континент.
„ Задоволни сме што ќе бидеме дел од најдобрите на Стариот континент, но сето ова ни носи обврска и во најдобро можно светло да го претставуваме македонскиот фудбал. Јас сум првиот кој високо ги постави приоритетите и целите за ЕУРО 2020 а тоа е место во втората фаза од шампионатот, место во осминафиналето на ЕП“ – истакна Ангеловски.
Списокот на Македонија за Европското првенство:
Голмани:
Столе Димитриевски
Дамјан Шишковски
Ристе Јанков
Одбрана:
Стефан Ристовски
Висар Муслиу
Егзон Бејтулау
Кире Ристевски
Ѓоко Зајков
Езџан Алиоски
Дарко Велковски
Среден ред:
Аријан Адеми
Енис Барди
Стефан Спировски
Бобан Николов
Тихомир Костадинов
Ферјан Хасани
Ељиф Елмас
Даниел Аврамовски
Дарко Чурлинов
Марјан Радески
Напад:
Горан Пандев (капитен)
Александар Трајковски
Иван Тричковски
Влатко Стојановски
Милан Ристовски
Крсте Велковски.