301
Италијанската фудбалска федерација ги објави тројцата фаворити за тренерската позиција на националниот тим на земјата.
Лидерите на федерацијата се запреле на Антонио Конте, Роберто Манчини и Луиџи ди Бјаџо. Интересно е дека отсуствува името на Клаудио Раниери, кој беше сметан за апсолутен фаворит во последните месеци.
Во моментов на чело на тимот е Бјаџо кој привремено ја извршува должноста на селектор, но има голема веројатност да остане на чело и трајно.
Токму тој ќе ја води Италија во пријателските натпревари против Англија и Аргентина.
Новиот ментор ќе биде официјално објавен во јуни.