ЈУ Универзална Сала Скопје, како носител на проектот ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“, ги поканува сите физички и правни лица (Невладини Организации, уметници, културни творци и експерти, Јавни Установи, Национални Установи и сите заинтересирани граѓани) кои гравитираат на територијата на градот Скопје, и на територијата на Скопски плански регион, да аплицираат на објавениот повик за прибирање на проектни идеи, кои ќе бидат вклучени во апликативната книга БИД БУК како последната фаза од кандидатурата на градот Скопје за престижната титула Европска Престолнина на Културата – ЕПК 2028.
Како главен град на земја на пат да стане членка на Европската Унија, ние треба да ѝ го покажеме на Европа нашиот културен карактер и нашето богато културно наследство обликувано низ вековите преку испреплетување и проникнување на различни етникуми и култури. Целта е да го прикажеме живиот уметнички потенцијал на Скопје, како и нашата живописна и разновидна културна сцена.
Мотото на апликативната книга за ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“: ,,КУЛТУРА НАД ПОДЕЛБА” – CULTURE OVER DIVISION
Целиот повик со сите детали како теми, начин на аплицирање и рокови може да ги најдете на https://univerzalna.com.mk/јавен-повик/