Јавна дебата во Собранието: „Две третини од младите сакаат да се иселат од државата“

од Nikola Popovski
221 прегледи

Населението старее, а две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би го сториле тоа, затоа е потребна итна акција од страна на законодавната и извршната власт и политики кои ги решаваат проблемите на младите, побараа неколку младински организации од пратениците на на јавната дебата „Демографски трендови на младата популација” што денеска се одржа во Собранието.

Апелираат државата да донесе мерки кои се однесуваат најмногу на образованието и на вработувањето на младите.

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова изјави дека дебатата произлезе од добиените бројки од пописот во делот што се однесува на младите.

– Целта беше да овозможиме дискусија за податоците од пописот на населението, особено оние што се однесуваат на младите лица. Видовме дека тие бројки навистина се загрижувачки, дека населението старее, а процентот на младите луѓе кои својата иднина ја гледаат надвор од државата се повеќе се зголемува, изјави Зајкова.

Дел од граѓанските организации ги претставија проблемите со кои се соочуваат младите, почнувајќи од основно, средно и високо образование. Ги наведоа лошите хигиенски услови во училиштата, застарените образовни програми, начинот на сместување во студентски домови, потребата од поголема пракса пред првото вработување и потребата од работа и поголеми плати. Според нив, во некои општини има службеници за млади кои не си ја вршат својата функција.

Слични содржини