„Јавна соба“: Злоупотреба на фотографии од жени и навредливи коментари

од Берта Китинска

Приведени се четири лица поврзани со случајот „Јавна соба“.

Според информациите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  две лица се од Битола, еден од Велес и еден од Штип, кои се директни учесници во групата на Телеграм.

„Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност, напиша Спасовски на Фејсбук.

Повеќе од 6 500  членови се дел од групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ во која се споделени  околу 10 000 експлицитни фотографии и видеа на девојки, жртви на интернетот, чии податоци се  злоупотребени.

Во меѓувреме, девојки-жртви во случајот јавно почнаа да сведочат за злоупотребата, а психолози и здруженија понудија помош за жртвите.

Ана од Кавадарци  одлучи да ја сподели пред јавноста својата приказна за случувањата во „Јавната соба“, која крие многу мрачни тајни. Нејзина фотографија, направена на летен одмор, заедно со невкусна порака и телефонски број, биле објавени во групата. По Ана, многу девојки  јавно ги изнесоа своите искуства.

Од МВР апелираат до граѓаните секоја информација во интерес на случајот да ја споделат со нив. Највауваат комплетно расчистување на случајот во наредниот период.

Слични содржини