274
Министерството за економија ќе го објави јавниот повик за туристички ваучери на почетокот на мај изјави министерот за економија, Крешник Бектеши во „Економски магазин“ на „Алсат М“.
Според него, сите вработени со ниски примања ќе имаат право да аплицираат.
Преку оваа помош ќе бидат вклучени околу 1.000 граѓани.
– Министерството за економија во првиот дел од мај ќе го објави јавниот повик во врска со распределбата на нови ваучери за сите вработени со ниски примања, или во семејство кое не надминува приходи над 30 илјади денари, а се очекува да има помош за околу 1000 граѓани“, вели Бектеши.