Исклучок од овој режим ќе бидат автобусите на линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат според саботен возен ред.
Од ЈСП најавуваат дека на самиот празник, во периодот од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, со цел да им излезе во пресрет на граѓаните.
Воедно, жичницата на Водно нема да работи на Водици. Од претпријатието потсетуваат дека жичницата традиционално не сообраќа секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот, кои се утврдени како неработни денови.
Граѓаните се повикуваат навреме да се информираат за измените и да ги планираат своите патувања согласно празничниот режим на сообраќај.